Уапсен косовец на граничниот премин Јажинце

Вчера во 16,00 часот на ГП„Јажинце“ на излез од РМ при гранична контрола се пријавил Б.С.(1988) од Приштина со автомобил од марката „БМВ“ со косовски регистерски таблички. Од извршените проверки констатирано е дека на возилото има извршено промена на ВИН бројот. Од страна на УПС, лицето е задржано, а возилото со потврда за привремено одземени предмети е одземено. Во 18,20 часот лицето и возилото се предадени на УПС од СВР-Тетово за понатамошна постапка.