Уапсен косовски опозициски лидер предводник на антивладини протести

Косовски опозициски лидер е уапсен под обвинение дека спречувал лице на должност да ги извршува своите службени обврски, објави МИА.

Портпаролот на полицијата Даут Хоџа изјави дека Дардан Молиќај бил уапсен денеска на меѓународниот аеродром, од каде планирал да ја напушти земјата. Претставници на партијата „Самоопределување“ изјавија дека тој имал намера да се сретне со нивни поддржувачи во Швајцарија, каде живее голема имигрантска заедница од Косово.

Молиќај (30) е висок претставник на опозициското движење „Самоопределување“, кој на 27 јануари ги предводел антивладините протести, кои завршија со судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Доколку биде осуден тој може да добие пресуда до пет години затвор

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.