Македонија,Крими хроника

Уапсен крадец кој извршил осум кражби во Охрид

Уапсен крадец кој извршил осум кражби во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против триесетиедно годишниот В.Ш. од селото Октиси, за извршени осум кражби во Охрид.

Имено, пријавениот континуирано во периодот од 13.07. до 21.08.2014 година, на различни локации во Охрид со употреба на физичка сила и погоден алат и при згодна прилика, извршил серија на тешки кражби и кражби при што одзел пари, мобилни телефони, седативи, велосипеди и друго, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 337.000 денари.