Уапсен крадец кој ограбувал цркви и манастири во Пробиштип

Триесет и тригодишниот Т.Д. од Скопје добил кривична пријава поради постоење сомнение дека сторил  четири „тешки кражби“ од цркви и манастири на подрачјето на Пробиштип.

Пријавениот во периодот од почетокот на јуни до крајот на септември 2014, со употреба на физичка сила насилно извршил серија на тешки кражби  од цркви и манастири на различни локации во пробиштипски села, при што одзел пари и други предмети, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 35.100 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.