Уапсен крадец од Куманово

Полицијата уапсила кумановец осомничен дека ограбувал куќи, информираше МВР.

Станува збор за А.З. (39) против кого е поднесена кривична пријава за кражба, кражба во обид и разбоjничка кражба. Според полицијата, осомничениот од 18 до 21 јуни годинава, преку незаклучени врати влегол во три куќи.

Крадецот од едната куќа зел златен накит и пари во вредност од 300.000 денари. Во втората бил затекнат од сопственикот, по што побегнал без да одземе ништо. Крадецот во третата куќа исто така бил затекнат од сопственичката со дел од украдените пари, по што неколку пати ја турнал и успеал да побегне со парите.

Од страна на Судија на претходна постапка на А.З. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.