Македонија,Крими хроника

Уапсен крадецот кој го ограби станот на девојката

Уапсен крадецот кој го ограби станот на девојката

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето Бобан А.(28) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од осум месеци за сторено кривично дело „измама“.

Истиот е спроведен во ПС Кисела Вода за понатамошна постапка. Инаку, Бобан А. беше уапсен на 1-ви јули за кражба на семеен накит и антиквитети од стан на скопски бизнисмен. Измамникот не знаел дека во раце има таков вреден предмет па по кражбата тој продал дел од златото, но за среќа не и вредните археолошки предмети. Казната затвор од 8 месеци се однесува за претходни измами

Kражбата се случила на почетокот на јуни кога измамникот кој не го кажувал своето вистинско име, а се претставувал како Мики или Мартин, успеал да ја измами и ќерката на бизнисменот со кого почнал љубовна врска. Додека нејзините родители биле на одмор тој успеал да го пронајде семејниот накит во луксузниот стан и украл повеќе парчиња, а дел од накитот продал во златарски дуќани.

Откако парите ги ставил в џеб и предложил на девојката да шетаат низ Македонија. Двајцата неколку дена престојувале во повеќе луксузни хотели во земјава каде што измамникот се расфрлал со украдените пари. Kога се враќале кон Скопје, тој по пат ги фрлил мобилниот телефон и платежната картичка за да не го лоцираат. Веднаш по пристигнувањето тој исчезнал и повеќе не и се јавил на девојката.

Според евиденцијата на МВР, Бобан А. и претходно бил познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против правосудството, за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2013 до 2014 година му биле поднесени 15 кривични пријави.

Тој бил пријавуван за кражби, тешки кражби, затајување предмети, измами, лажно пријавување кривично дело и слично.