Уапсен кумановец кој истепал жена, па ја ограбил

Полицијата го уапси П.Н. од Куманово, кој вчера околу 15 часот пред училиштето „Наим Фрашери“ сакал да ја ограби 37-годишната Б.И. исто од Куманово.

Разбојникот ја нападнал жената од зад грб, па и ја тегнел ташната, но откако неуспеал да ја земе извадил пиштол и го вперил кон неа, па со тупаница ја удрил во лицето. Таа паднала, по што тој ја зел ташната и избегал. Откако жената на полициските иследници им дала опис на разбојникот, тој бил пронајден и уапсен.