Свет

Уапсен “Ликвидаторот” кој противниците ги разнесувал со динамит!

Уапсен “Ликвидаторот” кој противниците ги разнесувал со динамит!

Шефот на мексиканскиот нарко-картел Хуарез, Хесус Салас Агвајо бил уапсен во петокот со што била ставена точка на повеќегодишната потрага по еден од најозлогласените криминалци во историјата на таа држава.

Како што го опишуваат мексиканските весници, Агвајо со прекар “Ликвидатор”, е еден од најсуровите шефови на картели во историјата, кој е вмешан во некои од “најкрвавите убиства кои таа држава ги видела”.

За „Ликвидаторот“ има голем број урбани легенди, како таа дека своите неистомисленици ги врзувал за стол и ги разнесувал со динамит.

Благодарение на својата репутација, се нашол на листата од 10 најбарани нарко-шефови на американската ДЕА.

Неговото убиствено “CV” е навистина богато. На Агвају му се препишува убиството на главниот државен сведок на судењето против мрежата нарко-картели во 2009. година, убиствата на двајца федерални агенти во автомобил-бомба во 2010. година, како и масакрот на 15 луѓе во еден ноќен клуб во Хуарес во 2012. година. Сепак, тоа не се единствените злосторства за кои се товари.

Хесус Авајо и неговиот картел ја преземале контролата на Хуарес во 2012. година, град со 1,5 милиони жители, кој се наоѓа во близина границата со САД.

Само таа година, кога ја преземале власта, во Хуарес имало 1.600 убиства, по пет дневно. Овој град од тогаш, три години по ред ја носи титулата “најопасното место во светот”.

По теророт кој Ликвидаторот го спроведувал, Хуарес од популарен граничен град, се претворил во место на преплашени луѓе.