Уапсен Македонец осомничен за убиство во Канада

Борис Пановски, 70-годишниот Македонец осомничен дека убил свој врсник во Торонто, е уапсен денеска кога се вратил во Канада од Турција. Против него е покренато обвинение за убиство од прв степен и за обид за убиство.

Пановски е осомничен дека го убил својот колега Донат Фриго (70) од ТоронтоСпоред весниците во Торонто, причина за убиството е кавга поради награда на натпревар за кучиња.

Пановски, наводно, на Фриго му го продал расниот птичар Силвер, кој, пак потоа станал голем шампион, добивал и парични награди. Од друга страна, нашинецот, кој бил професионален дресер на кучиња, се соочувал со банкрот, па дури и со развод од својата сопруга.

Злосторството се случило во гратчето Клинтон во близина на Торонто кога Пановски го сретнал својот колега Донат. Пукал кон него и неговата сопруга, која успеала да побегне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.