Уапсен малолетник за напад врз тинејџерот на „Рекорд“

Полицијата го уапсила Б.Н.(15) од Скопје, осомничен дека учествувал во нападот врз малолетник во четвртокот на автобуската станица „Рекорд“, информираше МВР.

Привдениот малолетник е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Инцидентот се случил вечерта на 1 март во центарот на Скопје.Тогаш Б.Н. заедно со Р.А. (18) од Скопје
и К.Т. (18) од село Љубин го нападнале З.Т.(17) додека чекал автобус. Тие со нож го проболе малолетникот во стомакот, по што побегнале.
Полицијата претходно ги уапси другите двајца напаѓачи.