Уапсен маж со бомба во лондонска железничка станица 

Лондонската полиција утрово евакуирала железничка станица источно од Трафалгар, каде маж, кој стоел на шините, тврдел дека има бомба и ќе ја активира, објави новинската агенција Ројтерс.

По евакуацијата на станица „Чериг крос“, полициски специјалци успеале да го совладаат и да го уапсат човекот, но се уште нема официјални информации за неговите намери.