Уапсен маж кој се качил на покривот на британскиот Парламент

Маж кој се качил на покривот на Парламентот и таму останал неколку часа е уапсен денеска  од страна на британската полиција.

– Во овој момент се уште е рано да се посочат причините за инцидентот, соопшти полицијата.

Синоќа полицијата била информирана дека на покривот од Вестминстерската палата се движи човек, каде веднаш биле испратени пожарникарни и медицински возила. Мажот бил уапсен денеска во раните утрински часови.