понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Уапсен напаѓачот на концертот во Њујорк

napagac

Последни вести

Њујоршката полиција го уапси раперот од Бруклин Роланд Колинс алијас Трој Ајв, откако по преглед на видеоснимките тој бил препознаен како лицето коешто пукало од огнено оружје на концертот одржан вчера во салата „Ирвинг Плаза”, пренесува БТА, пишува МИА.

При пукањето во среда вечерта на концертот на раперот Ти Ај беа погодени четворица, од коишто еден смртоносно. Во пукотницата смртно настрада пријателот и телохранитен на Колинс, Роналд МекФатер (33), кој бил пронајден во близина на барот во ВИП длеот.

Трој Ајв ќе биде обвинет за убиство и поседување оружје, рекоа од полицијата.

Колинс, кој го отворил концертот, а подоцна требал повторно да настапува, се здобил со огнена рана во ногата, но засега не е познато како е повреден.

Полицијата соопшти дека до пукотницата дошло откако во ВИП делот прво почната тепачка, која потоа ескалирала до употреба на огнено оружје.

Најчитани вести