Уапсен наркобосот Дарко Шариќ

Наркобосот Дарко Шариќ е уапсен рано утрово во заедничка акција со која што раководеле министрите за правда на Србија и Црна Гора, објави српската телевизија „Б92“.

Поради тоа српскиот министер за правда, Никола Селаковиќ, неколку пати бил во Подгорица во изминатиот период.

Шариќ наскоро би требало да слета во Белград. Најголем придонес за апсењето на наркобосот Шариќ дала српска БИА и нејзиниот шеф.

Во 12 часот е закажана конференција за новинари во Владата на Србија.

Шефот на наркомафијата, чие апсење неколку пати беше најавувано, во медиумите за прв пат се „појавува“ во октомври 2009-та година, кога агенциите пренеле дека уругвајската полиција запленила 2,8 тони кокаин на јахтата „Мауи“, која пловела под британско знаме, во пристаништето Сантијаго Васкес, 25 километри западно од Монтевидео.