Уапсен офталмологот Дејан Ставриќ

Докторот офталмолог Дејан Ставриќ е уапсен денеска попладне од полиција во Скопје поради сомнение за корупција.

Тој бил уапсен во близина на Транспортниот цента, а кај него, според првични информации биле пронајдени повеќе обележани банкноти.

Од полицијата потврдуваат дека е уапсен доктор поради кривично коруптивно дело, но откриваат повеќе детали. Повеќе информации за случајот се најавени за утре.