Уапсен осомничениот за лажни закани со бомби во Данска

Поради овие закани вчера беа евакуирани два аеродроми и два шопинг центри.

Осомничениот за лажните закани е уапсен и притворен.

Полицијата не го соопшти идентитетот на уапсениот, кој се јавуваше во шопинг центри, болници и аеродроми и се закануваше со бомби.

Не е соопштена ниту причината за лажните дојави.

Аеродромите во Роскилде и Архус и шопинг центарот во Роскилде се отворени откако беа пребарани и во нив не е пронајдена болба, а полицијата сеуште го пребарува шопинг центарот во Слаглесе кој исто така беше затворен поради закана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.