Уапсен осомничениот за нападот со комбе во Барселона

Шпанските медиуми во понеделникот пренесуваат дека е совладан последниот член од терористичката ќелија одговорна за двата терористички напада од минатиот четврток во североисточната покраина Каталонија во кои се убиени вкупно 15 лица и ранети се уште 126, а станува збор за 22-годишниот Јунес Абујакуб,

„Осомниченото лица во Субиратс имала на телот нешто што личеше на појас со експлозив. Лицето е совладано“, објави каталонската полиција на Twitter.

Се очекува официјална потврда дека станува збор за 22-годишниот Јунес Абујакуб, осомничен за убиство на 14 лица во Барселона, 13 на улицата Ла Рамбла и еден 34-годишен маж чијшто автомобил го украл по нападот за да побегне од градот.

Шпанската јавна телевизија RTVE, повикувајќи се на полициски извор, тврди дека станува збор за Абујакуб, додека неколку електронски изданија на дневните весници објавија дека е убиен во престрелка со полицијата.

Меѓународната полициска организација Интерпол распиша во понеделникот потерница по Абујакуб. Обвинет е за „терористички убиства“, нанесување „тешки повреди“ поврзани со тероризмот, како и за припадност на „криминална организација“.

„Приоритет е потрагата по тоа последно лице кое преостанува да го пронајдеме заеднички“, изјави претходно во понеделникот Жозеп Луис Траперо, шефот на каталонската полиција на прес-конференција во Барселона.

На истата прес-конференција беше кажано дека телата пронајдени во куќата во местото Алкантар, каде што ден пред нападот се случи експлозија и се претпоставува дека била засолниште на терористичката ќелија, би можеле да им припаѓаат на имамот Абделбаки Ес Сати и на уште еден осомничен, но и оти истрагата продолжува. Полицијата смета дека експлозија од ноќта од средата кон четвртокот се случила при ракување со плински боци и експлозивни материјали кои требало да ѝ послужат на ќелијата од 12 џихадисти да изврши дури три терористички напада на различни локации во Каталонија.

Полицијава во комбето со кое е изведен нападот во Барселона пронашла документи и отпечатоци од прсти врз основа на коишто смета дека Абујакуб бил возачот и единственото лице во возилото кое откако се зарило во киоск, излегло од кабината и пешки покрај локалниот пазар дошол до универзитетскиот кампус на чијшто паркинг со ноќ го убил сопственикот на автомобилот „форд фокус“. Со овој автомобил минал без да застане крај полициски контролен пункт на излезот од Барселона, а потоа десетина километри понатаму во местото Сан Жуст Десвем го оставил заедно со трупот.

„Од таму му се губи трагата“, рече Траперo.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.