Уапсен педофил во Битола

Полицијата во Битола уапсила педофил, информираше МВР.

Станува збор за П.П.(49) од Битола. Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Полицијата во средата , по наредба од судија за претходна постапка при Основен суд Битола, извршила претрес во домот на пријавениот. При тоа бил пронајден и одземен компакт диск со детска порнографија.

Од МВР нема детали за тоа како бил отркиен педофилот, ниту дали е дел од поголема педофилска мрежа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.