Уапсен педофил во Далмација

Полицијата успасила 47-годишен маж oд БиХ поради сомневање за сексуална злоупотреба на петмина деца помлади од 15 години на територијата на средна Далмација.

Педофилот ги следел девојчињата до училиштето неколку денови по ред, а пред неколку дена остварил и контакт со нив.

– Едно од девојчињата се пожалило дека постар маж ја следи додека одела и се враќала од училиште и дека одел по неа се до лифтот во зградата во којашто живее. Детето почнало да вреска пред лифтот, по што мажот избегал. Едно од девојчињата го фаќал и мазел по главата и го бакнувал во уво, а другото пак го пипкал по нозете среде бел ден пред училиштето. Децата биле преплашени, мојата ќерка ми раскажа за сето ова, изјавила мајката на едно од девојчињата за Вечерњи лист.

Педофилот во полиција го пријавиле родителите на едно од децата кои биле негови жртви.