Свет

Уапсен полицаец во Париз кој украл 52 килограми кокаин

Уапсен полицаец во Париз кој украл 52 килограми кокаин

Синоќа во Париз бил уапсен полицаец од одделението за борба против дрога поради сомневање дека украл 52 килограма запленет кокаин чија вредност е проценета на околу два милиона евра.

Кај осомничениот се пронајдени 200.000 евра, соопшти полицијата. Уапсениот полицаец (34) отфрла обвинувања и наведува дека парите ги заработил со коцкање на интернет.

Кокаинот кој беше запленет минатиот месец и чуван во полициска станица, се уште не е пронајден.