Уапсен поранешниот шеф на ММФ поради перење пари

Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд и шпански министер за економија Родриго Рато уапсен е поради даночно затајување и перење пари, соопштија денеска претставници на судот, пишва МИА.

Доказите се пронајдени во неговата куќа и во канцеларијата, пренесува Фена.

Претходно, камерите го прикажаа Рато како во одело без вратоврска ја напушта куќата, во придружба на полицијата и даночните службеници.

Подоцна е ослободен поради соработка со властите, кои заплениле документи релевантни за истрагата, а шпанските медиуми ја пренесуваат неговата изјава дека има „доверба во шпанскиот правосуден систем“.

Врз основа на пронајдените документи, судот ќе одлучи за сомнежите за перење пари, измама и оттуѓување имот, а потоа и дали ќе биде именуван судија и да се отвори официјална истрага против него.

Шпанскиот државен обвинител во рамки на истрагата побарал претрес на домот на Рато, но други детали во судското соопштение нема.

Истражните судии ќе истражуваат распространување злоупотреба на кредитни картички на фирмата за лични трошоци, како и измами за време додека Рато бил претседател на фирмата Банкиа.

Рато е поранешен шпански потпретседател на Владата, кој долго време беше водечка личност на премиерот Мариано Рахој од Народната партија.

Следниот месец во Шпанија ќе се одржат регионални и локални избори, а кон крјаот на годината се очекуваат и општи и се очекува Народната партија да претрпи големи загуби поради вмешаност на високи партиски личности во истраги поради уцени и малверзации во последните години.