Балкан

Уапсен пратеник на Златна Зора

Уапсен пратеник на Златна Зора

Портпаролот и пратеник на грчката екстремно десничарска партија Златна зора, Илиас Касидиарис е уапсен вчера во очекување на почетокот на судењето за поседување оружје, пренесоа медиумите.

Касидиарис е деветти од вкупно 17 пратеници од партијата Златна зора, кој е притворен во очекување на судски процес.

Касидиарис беше главен претставник за односи со јавност на Златна зора откако во октомври минатата година е уапсен лидерот на оваа партија Никос Михалолиакос, на кого треба да му се суди под обвинение за учество во криминална група.