Уапсен претседател на Апелационен суд на Косово

Претседателот на Апелациониот суд во Пеќ, Саљи Мекај е уапсен од страна на косовската полиција.

-Саљи Мекај е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело економски криминал. Одреден му е полициски притвор од 48 часа, изјавил за „Коха диторе“ претставник на обвинителството.

Мекај, според медиумите, бил уапсен на дело, односно додека преговарал за ослободување на едно лице од затвор во врска со случај за приведување на лице која кај себе имала дрога.

Заедно со Мекај било уапсено и уште едно женско лице, чиј идентитет не е објавен, а полицијата извршила претрес во неговиот дом.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.