Уапсен претседател на Унијата на синдикати на БиХ и 30 демонстранти

Претседателот на Унијата на независни синдикати на Федерацијата Босна и Херцеговина, Јосип Милиќ е уапсен ноќеска по насилнтие протести во Мостар во кои е уништено и запалено седиштетот на градските и жупанските институции, како и зградата на СДА и ХДЗ – БиХ.

„Како што сме известени, ноќеска десетина минути по полноќ полицајци од станот го одвеле професорот Јосип Милиќ, претседател на Унијата на независни синдикати на Федерацијата БиХ. Кога последниот пат се јави на мобилниот телефон, дваесетина минути потоа, рече дека е уапсен. Оттогаш телефонот му е исклучен“, се наведува во соопштението од Унијата на независни синдикати, што го пренесуваат локалните медиуми.

Се претпоставува дека Милиќ е уапсен поради вчерашните протести во Мостар, се додава во соопштението и се истакнува дека Унијата не била организатор на протестите, иако Милиќ до сега организирал најмногу синдикални протести пред зградата на Владата на ХНЖ.

„Ова е јасна порака која, со злоупотреба на разузнавачките и полициските државни институции, ХДЗ е подготвен да ги стави во затвор сите противници“, пишува во соопштението за јавност.

Новинската агенција Фен, повикувајќи се на неофицијални извори, јавува дека полицијата уапсила околу 30 демонстранти.