Уапсен претседателот на Олимпијакос под сомнение дека е замешан во местење натпревари

Во голема полициска акција грчката полиција вчера уапси 16 лица под сомнение дека се вмешани во местење на фудбалски натпревари.

Според грчките медиуми, меѓу уапсените има и членови на Фудбалскиот сојуз на Грција, челници на фудбалски клубови, а уапсен е и првиот човек на Олимпијакос, Евангелос Маринакос.

Покрај местењето натпревари, тие се осомничени и за криминални дејности, измами, корупција, закани за физичко насилство итн., а во период од 2011-та до 2013-та година.

Клубот од Пиреја освои 16 од последните 18 шампионски титули во првенството на Грција, а Маринакис е бизнисмен и бродосопственик кој го поседува мнозинскиот пакет во Олимпијакос од 2010-та година. Неговата вмешаност во ваков скандал ќе го наруши угледот на Олимпијакос не само во Грција, туку и во Европа.