Уапсен претседателот на палестинскиот парламент

Израелските војници го уапсиле претседателот на палестинскиот парламент и член на Хамас, Азиз Двеик минатата ноќ  во бранот апсења поврзани со масовната потрага по тројцата киднапирани тинејџери, соопштила денес армијата, пренесеоа медиумите.

Прецизирано е дека се уапсени повеќе од 40 осомничени на Западниот брег, а воениот портпарол потврдил дека претседателот на парламентото е меѓу нив.

Тројцата израелски тинејџери исчезнале во четвртокот навечер на патото додека се враќале од верското училиште во подрачје на блокот на еврејски населби Гуш Ецион. Од почетокот постоело сомневање дека се киднапирани, а израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху во неделата за киднапирањето го обвинил исламистичкиот Хамас кој кон крајот на април склучил договор за помирување со ривалскиот Фатах.

На основа на тој договор формирана е влада на единство составена од технократи, а двете организации ја поддржуваат.

Кабинетото на Нетанјаху ја бојкотира таа влада бидејќи Хамас го смета за терористичка организација. Тој од Палестинската управа и палестинскиот претседател Махмуд Абас, побарал соработка во потрагата по киднапираните и ги смета за одговорни за нивната добробит