Балкан

Уапсен претседателот на Стопанската комора на Белград

Уапсен претседателот на Стопанската комора на Белград

Полицијата го уапсила Милан Јанковиќ, претседател на Стопанската комора на Белград заради злоупотреба на службената положба, пишуваат српските медиуми.

Тој со малверзации при откуп на стан ја оштетил комората за околу 190.000 евра. Уапсен е и генералниот секретар на комората, која му овозможила да го избегне законот при купувањето на станот.