Уапсен прилепски хирург за поткуп

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против М.Н.(61) од Прилеп,  доктор специјалист хирург, поради основано сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање поткуп“.

Пријавениот  во повеќе наврати, злоупотребувајќи ја својата службена положба, за лекарски прегледи и хируршка интервенција, како и постоперативни контроли,  по кажување на пријавителката побарал и примал парични средства во вкупен износ од 24.000 денари, како и парични средства во вкупен износ од 12.000 денари, во текот на контролите во месеците февруари, март, април и мај 2014 година, со што се стекнал  со противправна имотна корист во вкупен износ од 36 000 денари.

По наредба од ОЈО Прилеп, од страна на полициски службеници со потврда од пријавениот е одземена една банкнота во апоен од 100 евра, кои претходно биле криминалистички обработени.

На осомничениот му е одреден притвор од 8 дена.