Балкан

Уапсен приштинскиот градоначалник

Уапсен приштинскиот градоначалник

Хаос на улиците во Приштина. Над 1.000 активисти на Самоопределување се собраа протестирајќи поради изјавата на министерот во Владата на Косово, Александар Јаблановиќ и барајќи рудникот Трепча да остане јавно претријатие.

Како што пишуваат српските медиуми, за време на насилните протести уапсени се 27 демонстранти, а повредени се 32 лица. Меѓу уапсените е и градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети.

Демонстрантите, кои се предводени од опозоцоското движење „Самоопределување“ бараат итна оставка на министерот Јаблановиќ и бараат Трепча да остане во сопственост на државата на што се противат Владата на Србија и политичките претставници на Србите во Косово.