петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Уапсен првиот човек на ЕОК поради нелегална продажба на билети

71-годишниот Ирец е обвинет за нелегално префрлање и продажба на билети за Олимписките игри кои биле наменети за одговорни лица, спортисти и спонзори.

patrik-hiki-640x294

Последни вести

Претседателот на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) Патрик Хики е уапсен денеска во Рио поради нелегална продажба на билети, пренесува ББС.

71-годишниот Ирец е обвинет за нелегално префрлање и продажба на билети за Олимписките игри кои биле наменети за одговорни лица, спортисти и спонзори.

Локалната полиција тврди дека обвинетиот кој е и претседател на Олимпискиот комитет на Ирска (ОКИ), се обидел да избега во соседната хотелска соба, но не успеал.

Во текот на приведување на Хики му се слошило, па му била укажана медицинска помош. Пред неколку дена кај еден сонародник на Хик биле пронајдени 800 нелегални билети за Игрите во Рио.

Најчитани вести