Уапсен скопјанец кој војувал во Сирија

пријавениот бил припадник на ИД во Сирија пролетта годинава. Истиот е и претходно познат сторител на насилни имотни кривични дела.

Инаку, како што МВР претходно информираше, оперативната акција „Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации.

Исто така беа собрани и докази и за сокривање на лица кои веќе учествувале во паравоени формации надвор од територијата на РМ или пак оствариле обид за тоа.

Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.