Уапсен скопјанец обвинет за тешки кражби

Секторот за внатрешни работи Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето Исмаил Т.(42) од Скопје.

Како што информираат од МВР, Исмаил се барал за издржување на две затворски казни во траење од една година и десет месеци за сторени две кривични дела „тешки кражби“ и издржување на затворска казна во траење од пет месеци за сторено кривично дело „кражба“.