Уапсен скопски џебчија кој извршил над 100 кражби

СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето И.Ј.(46) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“ (џебна). Имено, пријавениот на 22.11.2014 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, околу пладне на бул. ,,Кузман Јосифовски -Питу“ во автобус на ЈСП бр.63 кој се движел на релација од Веро Џамбо до Нова железничка станица, искористувајќи ја гужвата со протнување на раката во ташна на оштетен украл еден машки паричник во кој имало лична карта, платежни картици и електронска здравствена картица. Притоа, во момент на извршување на кривичното дело пријавениот бил забележан од страна на граѓанин, кој на оштетениот му кажал дека му е украден паричникот, при што веднаш била повикана полиција и сторителот е лишен од слобода. По извршениот личен претрес кај истиот е пронајден украдениот машки паричник со погоре наведените предмети и истиот е вратен на оштетениот. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена. Против И.Ј. во периодот од 1980 – 2014 година поднесени се вкупно 101 кривична пријава од областа на имотните деликти (кражби, измами).