Уапсен снајперистот кој пукаше врз жителите на Нови Сад

Полицијата во Нови Сад уапси едно лице под сомнение дека претходните осум дена пукал врз жителите на Петроварадин, објави српскиот весник „Блиц“, пренесе МИА.

Според весникот,  непознато лице од минатиот четврток пукал врз куќите и автомобилите во Петроварадин. Куршумите завршиле во пет куќи и два автомобили.

Во инцидентите никој не е повреден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.