Уапсен сопственикот на „Фени индустри“ под сомнине за перење пари

Милијардерот Бенџамин Штајнмец, кој е сопственик на низа компанииво земји на Балканот, меѓу кои и Мкаедонија, а кој се бараше со потерница од страна на романските власти е уапсен во Тел Авив под сомниние за перење пари.

Штајнмец е сопственик на компанијата „Cunico Resources“ која работи на производство на феро-никел и која е активна во Македонија и во Косово.

Како што пренесуваат израелските медиуми, Штајнмец заедно со уште тројца бизнисмени бил приведен на испрашување поради потпишување на лажни договори преку кои се переле пари поврзани со копање руда во африканската држава Гвинеја.

Според израелските медиуми, во понеделникот биле претресувани домовите на четворица уапсени бизнисмени, кои се товарат за криминал тежок 150 милиони евра.

bendzamin_stainmec
Бенџамин Штајнмец

Сите уапсени се сомничат за корупција, во која се инволвирани високи романски претставници, а моментно им се суди во отсуство во Романија.

Според рангирањата на магазинот „Форбс“, Штајнмец е еден од најбогатите луѓе на светот, а во Македонија дел од медиумите го поврзуваа со фирмата „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ која сакаше да ја преземе компанијата „Макпетрол“.

Во земјава Штајнмец преку фирмата „Cunico Resources“ е сопственик на „Фени Индустри“ од Кавадарци, додека на Косово го поседува рударскиот комплекс „NewCo Ferronikeli“.