Уапсен струмичанец кој побегнал од затворска казна за полов напад врз дете

Велешката полиција успеала да лиши од слобода струмичанец, кој се барал за издржување затворска казна, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Постапувајќи по судска наредба, велешката полиција го уапсила 25-годишниот Емран В. од Струмица, кој се барал за издржување на затворска казна во траење од четири години.

Тој ја добил оваа казна за сторено кривичлно дело „полов напад врз дете“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.