Уапсен стружанец кој превезувал Сиријци

Стружанец кој превезувал илегалци од Сирија, успеал да мине низ три полициски блокади, а после неколку часовна бркотница со полицијата конечно бил запрен и уапсен пред тетовското село Групчин. Станува збор за 36-годишниот Ќ. Р. од струшко Радолишта.

Тој успеал да мине низ полициските препреки, не се исплашил и од пукотниците од полициските пиштоли, но крај Групчин наишол на голема полициска препрека и бил уапсен. Во неговото возило се откриени дури 12 државјани на Сирија кои ги превезувал.