Уапсен Светозар Маровиќ

Уапсен Светозар Маровиќ
Уапсен Светозар Маровиќ
Поранешниот претседател на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ е уапсен денеска во Подгорица по налог на специјалниот државен обвинител, објавија „Вијести“.

Маровиќ, е претседател на политичкиот Совет на Демократската партија на социјалистите.

Милош Маровиќ, син на високиот функционер во ДСП беше префрлен во почетокот на месецот во истражен затвор во Подгорица и одреден му е притвор од 30 дена поради сомневање дека е вмешан во незаконска продажба на државно земјиште крај Будва.