Уапсен тајкунот кој и давал пари на сопругата на Николиќ?

Еден од донаторите на фондацијата Драгица Николиќ, сопруга на претседателот на Србија, неодамна бил уасен, објавува српски Курир, пренесува НетПрес.

Како што објавува весникот, се работи за бизнисменот Мирослав Богичевиќ.

Богичевиќ е сопственик на „Farmakoma MB“ и неодамна пред да биде уапсен им се доверил на блиските пријатели дека им помагал на сите и дека пари дал дури и за Фондацијата Драгица Николиќ, како и дека сега сите му го свртеле грбот.

Веќе изминуваат девет дена како Фондацијата Драгица Николиќ не ги открива своите финансиери.