Уапсен тенисерот Бернард Томиќ

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ, кој моментално се наоѓа на 25. место на АТП листата, е уапсен откако одбивал да ја намали прегласната музика во својот апартман во хотел во Мајами.

Според припадниците на хотелското обезбедување, 22-годишниот Томиќ се однесувал агресивно, по што интервенирала полицијата и побарала од тенисерот и неговите пријатели да го напуштат апартманот.

Пријателите на Томиќ го напуштиле хотелот, но тој одбил и поради тоа бил уапсен.

Контроверзниот тенисер е познат по проблематичното однесување, а во текот на својата кариера имаше судири и со својот татко и раководството на Тенискиот сојуз на Австралија.