четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Уапсен уште еден осомничен за нападите во Париз и Брисел

Мохамед Абрини, еден од главните осомничени за нападите во Париз беше уапсен вчера во Брисел, заедно со уште четири други лица во рамки на истрагата за нападите во Париз од 13-ти ноември и нападите во Брисел од 2-ри март, пишуваат белгиските медиуми.

brisel-napadi-1-1

Поврзани вести

Мохамед Абрини, еден од главните осомничени за нападите во Париз беше уапсен вчера во Брисел, заедно со уште четири други лица во рамки на истрагата за нападите во Париз од 13-ти ноември и нападите во Брисел од 2-ри март, пишуваат белгиските медиуми.

Овие апсења се мошне важен чекор за понатамошната истрага за нападите во кои што вкупно 162 лица го загубија животот (во Париз и во Брисел).

Синоќа бил уапсен и шестиот осомничен за нападите, јавува ВРТ. Според фламанската телевизија станува збор за белгискиот државјанин Билал Ел Макхуики, кој бил осуден за учество во групата „Шеријат за Белгија“ во Антверп. Во моментов сеуште не е позната неговата улога во нападите.

Мохамед Абрини беше уапсен во Андерлехт заедно со уште две други лица.

Засега белгиските истражни органи се трудат да утврдат дали Абрини е „човекот со шапката“ или „човекот во бело“ како што од страна на медиумите беше именуван третиот напаѓач од бриселскиот аеродром Завентем кој побегнал без да го детонира експлозивот.

Најчитани вести