Уапсен уште еден осомничен за нападот на бриселскиот аеродром

Уапсен уште еден осомничен за нападот на бриселскиот аеродром
Уапсен уште еден осомничен за нападот на бриселскиот аеродром
Фејсал Шефу, независен новинар е третиот маж од снимките на безбедносните камери, осомничен за нападот во бриселскиот аеродром, јавија белгиски медиуми.

Тој е уапасен два дена по нападите во Брисел, покрај зградата на Федералното обвинителство.

Против Шефу се подигнати обвиненија за учество во терористичка група, извршен е претрес во неговиот дом, но таму не се прионајдени оружје или експлозивни материјали.

За време на апсењето тој бил во автомобил со уште двајца мажи, кои првично биле уапсени, а потоа ослободени.

Шефу веќе и бил познат на полицијата, особено по сигналот на хуманитарни работници, дека собирал џихадисти во паркот Максимилијан во Брисел, во близина на Канцеларијата за странци, каде се поднесуваат барања за азил.

Тој бил препознат од возачот на такси возилото, кој ги превезувал џихадистие до аеродромот, каде тие го извршија нападот во вторникот.

Полицијата трага по уште еден осомничен, кои му помогнал на извршителот на нападот во метрото.

Според видеоснимките од аеродромот од 22 март, Шефу пристигнува со терористите, кои се кренаа во воздух и тој исто така пренел бомба. Според истрагата неговата бомба била најмоќната од трите и таа самата се активирала, но подоцна кога терминалот бил евакуиран по првите две експлозии.

Шефу изминатите месеци бил апсен повеќе пати по барање на градоначалникот на Брисел поради нарушување на јавниот ред. Градоначалникот побарал од правосудните органи да се позанимаваат со него, но било оценето дека недостига законска основа за тоа. Градоначалникот потоа му забранил на Шефу да го посетува паркот.

Тој е познат по тоа што на видео-клиповите, кои ги објавувал на Интернет го осудувал тоа што лицата кои се притворени поради илегален престој во Белгија добивале вечерен оброк пред прекинот на постот за време на Рамазан, наведува „Либр Белжик“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.