Уапсен велешанец за криумчарење мигранти

Вчера на автопатот Неготино-Градско, кај на наплатната станица „Градско“ полициска патрола во камион „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (20) од Велес открила 26 илегални мигранти од кои три лица од Пакистан, три лица од Иран и 20 лица Мароко.

Возачот е уапсен, а со одлука на истражните органи илегалците се пренесени во Прифатниот центар во Скопје.