Уапсен возачот на комбето кое се преврте со 54 мигранти

Возачот на комбето којшто слета од патот во моментот кога превезувал 54 илегални мигранти во Србија, утрово е уапсен во Панчево, пишува „Блиц“.

Инаку, П.М. беше во бегство, а уапсен е четири дена по несреќата што се случи на автопатот кај Лесковац, Србија и во која дури 42 лица се здобија со повреди.

Мигрантите кои што се превезувале во комбето потекнуваат од Бангладеш, Алжир, Лаос, Кашмир, сирија, Нигерија и Бурма, а во Србија влегле преку Македонија.

Претходно мигрантите престојувале во Грција, а целта им била преку Унгарија да влезат во ЕУ.

фото: Blic.rs