Уапсена Бар Рафаели

Израелската манекенка Бар Рафаели и нејзината мајка Зипора се уапсени вчера за даночно затајување и непријавување на приход и мултимилионски подароци стекнати во странство.

Властите во Израел и тамошната УЈП соопштија дека Рафаели не ги пријавила автомобилите, кои ги доби од производителот за со нив да споделува фотографии на социјалните мрежи.

Манекенката е уапсена во куќна рација, бидејќи лажела и за адресата на живеење. Таа наводно не плаќала данок ни за луксузниот стан во Тел Авив.