Македонија,Крими хроника

Уапсена криминална банда која го оштетила државниот буџет

Уапсена криминална банда која го оштетила државниот буџет

Кривична пријава е поднесена против четири лица вработени во Министерството за земјоделие. Станува збор за Г.М.(31), вработен во погранична единица Валандово, Е.О.(37) ОД Струмица, волонтер во погранична единица Гевгелија, Љ.П.(48) и Н.О.(35) од Гевгелија.

Првопријавената во текот на 2012 година, злоупотребувајќи ја службената положба им издала потврда на Љ.П. и Н.О. за евидентиран лозов насад и лозовите насади ги запишала на нивно име, иако биле во сопственост на ТДПП „Агро Лозар“ АД-Богданци. Во периодот од октомври 2012 до јули 2013 година,  Е.О. поттикната од  Љ.П. и Н.О. внела невистинити податоци и со свој потпис ги заверила апликациите за добивање субвенција за лозовите насади-финансиска поддршка во рамки на програмата за финанска поддршка во земјоделството иако знаеле дека лозовиот насад не е во нивна сопственост. На овој начин на Љ.П. и Н.О. им овозможила да се стекнат со противправна имотна корист од 222.816 денари, оштетувајќи ги Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој и Буџетот на Р Македонија.