Уапсена поранешна министерка, проневерила милиони

Поранешната српска министерка за телекомуникации и бивша директорка на Агенцијата за странски вложувања и промоција на извозот на Србија (СИЕПА), Јасна Матиќ, вчера била приведена, јавуваат белградските медиуми, пренесува Нетпрес.

Покрај неа, уапсени биле уште пет лица, кои се товарат за злоупотреби во службата.

Во објавените информации се вели дека тие се сомничат дека го оштетиле државниот буџет за околу 119 милиони динари (1 евро=116 динари), како и дека на други лица им овозможиле стекнување на протиправна имотна корист од околу 91 милиони динари.

jasna_matic

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.