Уапсена поранешната прва дама на Франција бидејќи му удрила шлаканица на политичар

Валети Триервилер, до пред една година првата дама на Франција, е пријавена во полиција поради шлаканица на еден млад политичар.

Како што јавуваат медиумите, овојпат во прашање е младиот политичар на десниот центар Мохамед Ризки (33), кои и пришол на Валери на улица во близина на нејзиниот дом во Париз со прашање: „Како е Оланд?“. Кога Мохамед одбил да и се извини, Валери му удрила шлаканица. По немилата случка, тој ја пријавил во полиција за напад. Во полицијата Валери Триервилер објаснила дека младиот човек и поставил прашањето со „нагласено надразнување на тонот“ и откако таа го замолила убаво да и се извини тој не го сторил, а таа му удрила шлаканица. Малку подоцна Мохамед Ризки се пожалил во полицијата дека бил малтретиран на улица и затоа било потребно Триервилер да биде одведена во полицијата за расчистување на инцидентот.

Поранешната невенчана сопруга на францускиот претседател Франсоа Оланд во септември минатата година исто така и удрила шлаканица на сопругата на францускиот министер за финансии Мишел Сапен, Валери де Сенвил, кога оваа ја критикувала нејзината хит-книга за животот со францускиот претседател.

Валери Триервилер го доби прекарот „ротвајлер“ поради својот незгоден карактер уште за време на предизборната кампања на Оланд во 2012 година. Во јануари минатата година нивната заедница е раскината кога магазинот „Клоузер“ (Closer) открил дека Оланд е во љубовна врска со актерката Жили Гаје.

Валери откако дознала за аферата на Оланд со Жили Гаје потполно здивела и, наводно, искршила многу вредни работи во Елисејската палата.

Имено, таа предизвикала штета од дури 2,5 милиони фунти. Меѓу уништените работи била и вазна од времето на Луј 16.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.