Уапсени 1.050 милитанти во Турција

Во операција спроведена од петокот уапсени се 1.050 милитанти во Турција, меѓу кои и припадници на Исламска држава, Курдската работничка партија (ПКК) и ултра левата партија DHKP-C.

Меѓу уапсените милитанти во Турција има и 50 до 60 странски државјани, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Турција удри врз Исламска држава

Турција во петокот ја нападна Исламска држава. Воени авиони извршиле бомбардирања врз цели на џихадистичката група на територијата на Сирија.

Телевизијата ТРТ објави дека четири борбени летата, полетале од базата Дијарбекир, во југоисточна Турција, и извршиле ракетен напад врз сириското село Хавар, кое се наоѓа непосредно до граничната линија со турската провинција Килис.

Кабинетот на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, испратил соопштение до јавноста во кое е наведено дека авиони од типот Ф-16 во петокот утрината бомбардирале три локации на Исламска држава во северна Сирија.

Оваа акција на турската армија се случуваше по нападите на џихадистите на позиции на војската на Турција долж границата.

Голема антитерористичка акција во Истанбул

Во  антитерористичката акција во Турција уапсено 251 лице. Операцијата е изведена во 13 турски окрузи против терористичките организации „Исламска држава“ и Курдска работничка партија.

Убиена радикална левичарка

За време на антитерoристичката акција во Истанбул е убиена припадничка на радикалната турска марксистичка група во судири со полицијата.

Убиената жена била членка на радикалниот левичарски фронт на револуционерниот народ (DHKP-C), група која турските власти ја обвинуваат за низа напади во изминатите години, како и оти соработува со милитантни курдски сепаратисти.

Таа е убиена во судир со полицајците, откако тие се обиделе да влезат во куќата во делот на Истанбул Багчилар, за да уапсат милитанти.

Акцијата испровоцирана од нападот во Суруч

Турската полиција за време на оваа акција во Истанбул изврши рација врз повеќе од сто локации во Истанбул, за да уапси осомничени џихадисти на ИД и курдски милитанти, а акциите се покренати по терористичкиот напад на 20 јули во пограничниот град Суруч, во кој загинаа 32, а повредени се над сто лица.

15 лица уапсени во Анкара поради поврзаност со ИД

Во антитерористичка акција во Анкара уапсени 15 лица поврзани со ИД.

Акцијата на турските безбедносни служби беше насочена против членови на екстремистичката група Исламска држава.

На оваа акција во која се уапсени 15 лица поради поврзаност со ИД во Анкара изминативе неколку дена и претходеа неколку воздушни и артилериски напади врз позиции на ИД во пограничните подрачја со Сирија.