Балкан

Уапсени 12 лица за пуштање солзавец на инаугурацијата на Тачи

Уапсени 12 лица за пуштање солзавец на инаугурацијата на Тачи
Уапсени 12 лица за пуштање солзавец на инаугурацијата на Тачи

Косовската полиција уапси 12 лица за пуштање солзавец за време на церемонијата на инаугурација на новоизбраниот косовски претседател Хашим Тачи.

Еден полицаец добил изгореници на раката при отстранувањето на граната со солзавец.

Активисти на опозициското движење Самоопределување фрлија гранати во близина на трибината, непосредно пред почетокот на церемонијата, на која присуствуваа околу 1.200 гости од 50 држави.

Меѓу гостите беа хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ, албанскиот претседател Бујар Нишани, претседателот на албанскиот парламент Илир Мета, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на турскиот парламент Исмаил Кахраман.